Samsung Galaxy S10 серијата пристигна во Македонија

Трите уреди од Galaxy S серијата на мобилни уреди – S10, S10+ и S10e кои пристигнуваат со првиот динамичен АМОЛЕД екран, камера од новата  генерација и интелигентни перформанси, од 8 март ќе бидат достапни на македонскиот пазар.

Уредите од Galaxy S серијата ќе бидат достапни во Македонија во неколку бои: Призма Црна, Призма Бела, Призма Сина и Интензивно Жолта. Дополнително, заинтересираните за Galaxy S10+ ќе може да одберат од два сосем нови, премиум модели: Керамичко Црна и Керамичко Бела. Препорачаните продажни цени за овие мобилни уреди се движат од 54.999 денари за Galaxy S10 (128GB), односно 69.999 денари за Galaxy S10 (512GB) , 60.999 денари за Galaxy S10+ (128GB), 75.999 денари за Galaxy S10+ (512GB), 97.999 денари за Galaxy S10+ (1TB) и 44.999 денари за Galaxy S10е.

“Серијата на паметни телефони Galaxy S10 е навистина посебна за нас како kомпанија. Создадена е за да може да ги исполни специфичните потреби на денешниот пазар на паметни телефони. Во овие уреди е втемелена цела деценија на врвни иновации. Galaxy S10 уредите се приказ на нашата заложба за динамична, храбра и светла иднина. Секој од новите уреди носи револуционерна иновација за екранот, камерата и перформансите. Создадени за потребите на различни корисници, претставуваат вистински избор без разлика за кој ќе се одлучи корисникот. С10 уредите имаат елегантен изглед и пристигнуваат со технологии кои за прв пат се имплементирани во уреди или се целосно практични за корисникот. Уверен сум дека ова е ново поглавје кога станува збор за револуционерни технологии.“ – истакна Милан Вујович, Директор на Секторот за маркетинг во компанијата Samsung за Адриатик регионот.

Galaxy S10 уредите го имаат првиот динамичен АМОЛЕД екран со “HDR10+“ сертификат кој создава живописни бои и контрастен сооднос за уште подлабоки темни нијанси и уште посветли светли нијанси. Екранот пак, пристигнува со првиот Ултрасоничен Скенер за oтпечатоци сместен на самиот екран, кој ги вчитува 3Д контурите на физичкиот отпечаток на корисникот, наместо 2Д сликата од отпечатокот, што претставува поголема заштита и безбедност за корисникот. Уникатниот “Infinity-O“ екран на Galaxy S10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот, овозможувајќи им на корисниците на овој начин да ја зголемат работната површина на екранот без дистракции.

За прв пат воведена во S серијата на паметни телефони, камерата со ултра широк објектив создава можност за сликање на која било сцена во видно поле од 123 степени. S10 уредите имаат и телефото камера со неверојатни можности за зумирање, како и широкоаголна камера. Galaxy S10+ пристигнува со три задни и две предни камери, Galaxy S10 има три задни и една предна камера, додека пак Galaxy S10е пристигнува со две задни и една предна камера. И предната и задната камера може да снимаат до “UHD“ квалитет, а прв пат во оваа индустрија, задната камера овозможува снимање со “HDR10+“ квалитет.

Со функцијата Безжично споделување на енергија се овозможува лесно полнење на паметни телефони кои имаат “Qi“ сертификат, како и полнење на компатибилни уреди за носење. Воедно, уредот може да се полни и сам, но и да полни други уреди додека е ставен на обичен полнач. Новиот софтвер за вештачка интелигенција, автоматски ги оптимизира батеријата, процесорот, РАМ меморијата и температурата на уредот врз база на тоа како се користи телефонот.

Galaxy S10+ пристигнува со 1 терабајт меморија и можност за додавање на микроСД картичка со дополнителни 512 гигабајти, што вкупно создава простор за користење од 1,5 Терабајт.

Со нарачка на Galaxy S10 и Galaxy S10+ во одреден временски период, бесплатно ги добивате новите Galaxy Buds, безжични слушалки на Samsung.

За дополнителни информации за Galaxy S10 серија, посетете ја веб-страната.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии