Љубителите на Samsung на 14 јануари ќе можат да и се порадуваат на новата верзија на Galaxy телефоните. Ако им веруваме на гласините компанијата ќе претстави три нови уреди Galaxy S21, S21 Plus и S21 Ultra.
Настанот ќе биде во живо на samsung.com, а веќе можеме да ja погледнеме и првaта најава, која за жал освен дата за презентацијата, не покажува ништо друго.
Од некои претходни протекувања може да погодуваме дека замаглениот дел е новиот модул за камерата. Од ова може да заклучиме дека компанијата ќе се фокусира на овој сегмент. Тоа секако не е изненадување, најголемите производители на телефони се повеќе своите уреди ги рекламираат како камери.
Што се однесува за спецификациите, S21 и S21 Plus доаѓаат со 2400х1080 екран. Телефоните доаѓаат со тројна камера, 12MP главен сензор, 12MP широко-аголен сензор и 64MP телефото сензор. Ова засега се неофицијални податоци, а за точните податоци ќе почекаме уште 10 дена.
Galaxy и Note се ексклузивните модели на Samsung кои се конкуренти на најдобрите телефони и често се на самиот врв кога Android е во прашање.