Samsung и Apple повторно во судница, овојпат пред Врховниот суд на САД

Samsung и Apple повторно се во  судница, но овојпат Врховниот суд на САД донесе одлука во корист на Samsung. Судот со одлука на судии од 8-0 ја промени пресудата и ја повлече одлуката корејската компанија да исплати 399 милиони долари оштета.

Причината за ова е што судот смета дека прекршителот не треба да ја врати целата заработка од уреди чии патенти се нарушени, туку само дел. Според претходната пресуда, Samsung им исплати 548 милиони долари на Apple. Сега компанијaта може да врати 399 милиони долари.

„Во случај на уред составен од повеќе компоненти. Релевантиот краен производ не треба да биде оној кој се продава на потрошувачите туку само компонената од уредот.“, вели врховната судијка Соња Сотомајор.

Борбата за патенти помеѓу Apple и Samsung продолжува, но компанијата од Купертино реално претрпе пораз откако не успеа да ја запре продажбата на уредите на Samsung. Ова беше првичното барање на Apple до судот, но откако тој пресуди против ова, сега двете компании се во суд и ја договараат висината на оштетата.

Она што е исклучително интересно за оваа парница е што стигна до Врховниот суд. Парниците за дизајн и патенти вообичаено се решаваат во пониску судски инстанци, а ова е првиот ваков случај во 120 години во кој се расправа за патенти и индустриска сопственост да е пред Врховниот суд на САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии