Samsung овозможува попуст за поправка на телефони по истекот на нивната гаранција

Компанијата Samsung Electronics денес најави дека корисниците во Македонија ќе можат да го заменат екранот на своите премиум уреди по поволна цена, доколку им е потребна поправка по истекот на гаранцијата или поправка која не е опфатена со истата. Целта на оваа промоција е да им се овозможи на корисниците решавање на најчестиот проблем и да им се помогне при поправката на нивниот телефон, со попуст од 1.230 до 1.845 денари. Поконкретно, промоцијата опфаќа субвенционирана поправка на физичко оштетување на екранот во рамки на гарантниот рок од 2 години, како и каков било вид на поправка на екранот по истекувањето на гаранцијата.

“Безбедноста, задоволството и грижата за корисниците отсекогаш се приоритети на компанијата Samsung. Континуирано се грижиме за потребите на нашите корисници и им овозможуваме квалитетни услуги. Неовластените поправки на нашите телефони, наместо да го решат, може да го зголемат проблемот, па дури и да придонесат за појава на нов проблем, негативно влијаејќи врз корисничкото искуство и задоволство. Сакаме нашите корисници да бидат сигурни и да можат да се потпрат на нашата поддршка, дури и во случаи кога случајно го оштетиле својот телефон. На овој начин се стремиме да им ја овозможиме најдобрата поддршка на корисниците, правејќи да се чувствуваат безбедно, затоа што ќе знаат дека со сигурност ќе добијат наши овластени сервиси и делови, и дека нивните уреди ќе функционираат како нови.– изјави г. Мин Хо Бае, Раководител на Служба за корисници на компанијата Самсунг за регионот Адриатик.

Специјалната цена за поправки на телефони чија гаранција е истечена е важечка за Galaxy S7 edge, Galaxy S8 и Galaxy S8+, Galaxy Note8, и Galaxy S9 и Galaxy S9+ уредите. Услугата и попустот за истата за наведените уреди ќе бидат овозможени кај 12 регионални овластени сервисни партнери на компанијата Самсунг. Во Македонија, услугата ќе биде достапна од 1 јули до 31 декември 2018 година, во сервисните партнери „АСЦ Мобико“ и „АСЦ Видеодата“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии