Uber објави дека стасале до бројката од две милијарди превезени патници. Подвигот е уште поголем, бидејќи компанијата која е основана во 2009-та година и требаше седум години да стигне до првата милијарда. Датата на која Uber возачот го префрли две милијардитиот патник е 18 јуни, јави Reuters.
За првата милијарда патници, на компанијата и беа потребни шест години. Благодарение на регрутирањето на многу поголем број на возачи и влезот во 66 држави компанијата успеа да го скрати времето до 2 милијарди на само шест месеци. Интересен податок е дека на 18-ти јуни дури 147 патници од 16 држави патувале истовремено и сите тие се всушност две милијардитиот патник.
Uber е проценет на 62,5 милијарди долари, иако компанијата има проблем со законот во повеќе држави. Најверојатно случајот со Франција е најзабележителен, каде такси возачите палат автомобили и го спречуваат превозот на патници со Uber. Ова не го забави Uber кој сега е активен во 455 градови, а пред една година беа 311.