Само ден откако го купи мобилниот оддел на Nokia, Microsoft најави нов дата центар во Финска

Како 7,2 милијарди долари да не се доволна инвестиција за мобилниот оддел на Nokia, Microsoft ќе потроши дополнителни 250 милиони инвестиција за изградба на центар за податоци во Финска. Ова е продолжение на инвестициите на софтвер гигантот во интернет инфраструктра откако веќе се најавени дата центри во Сингапур и Австралија. Центарот во Финска е проширување на главниот центар кој компанијата го има во Ирска.

„Длабоко сме приврзани кон Финска, и сега може да објавиме дека таа ќе биде нов дом на центарот на податоци на Microsoft за Европа… Проект кој ќе чини над 250 милиони долари во капитални и тековни инвестиции во следниве неколку години.“ изјави претставник на Microsoft за Gigaom.

Предностите кој ги носи дата центарот изграден во Финска, покрај ниските темпаратури што допринесуваат во ладењето, се и намалување на латенцијата кај корисниците. Покрај ова инвестицијата во Европа треба да ја покаже подготвеноста на Microsoft за спроведување на одлуките на Европската Комисија.

Ова е трета инвестиција од голема ИТ компанија во скандинавските земји за релативно кус период, откако претходно свои сервери во Шведска најави Facebook и Google кои отвориjа дата центар во Финска. Вкупната инвестиција на трите гиганти во овој период изнесува околу 1,9 милијарди долари, од кои најмногу вложи Facebook дури 1,5 милијарди.

Дел од аналитичарите во овие потези на Microsoft гледаат и силен сигнал дека Стивен Елоп e човекот кој се подготвува за можна замена на Стивен Балмер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии