Околу 87 отсто од малите и големите фирми во Македонија се поврзани на интернет, а само 32,6 отсто од нив обезбедиле мобилен интернет пристап за деловна употреба, се вели во најновото истражување „Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти“ на Државниот завод за статистика.

Но, иако една-четвртина од фирмите им дале преносливи уред (ноутбукови, таблет компјутери и паметни телефони) на своите вработени, само 5,3 отсто од нив ги користеле тие уреди со „мобилна конекција на интернет“. Истражувањето покажува дека македонските фирми сè уште зависат од декстоп компјутерите, и дека ќе треба време за да се прифатат преносливите уреди за бизнис користење. Секако дека користењето на таблет компјутер не е основа за добар профитабилен бизнис, но следејќи ги трендовите (во одредени индустрии) користењето на преносливите уреди овозможува полесна комуникација и интеракција, често и побрзо тргување.

Интересна статистика која им дава надеж за добра кариера на ИТ професионалците е што во 2012 година само 17,3 отсто од деловните субјекти со над 30 вработени имале вработено лица со специјалистички вештини. Најголем процент на вработување на специјалисти за ИКТ/ИТ се забележува кај големите претпријатија со 250 или повеќе вработени (62%).

За жал, истражувањето потврдува дека е-трговијата во Македонија останува на ниско ниво. Само 9 отсто од деловните субјекти купувале или продавале услуга и производи преку Интернет. Само 5,3 отсто реализирале веб-продажба, а 4,8 отсто вршеле веб-купување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии