Само 14 од топ 50 .мк сајтови имаат мобилна верзија

Според статистиката, мобилниот интернет станува се покористен во Македонија, скоро 384.897 корисници на мобилни телефони пристапиле до Интернет преку 2G и 3G мрежи барем еднаш во последниве три месеци. Но, дали .мк сајтовите го следат тој тренд и се трудат да им овозможат на корисниците полесен пристап до нивниот сајт преку мобилен? Само 14 од топ 50 .мк сајтови, според Alexa-mk, имаат мобилна верзија, а ретко кој има и апликација за мобилен телефон. (tnx до Андреј за сугестијата)

Зошто е потребна мобилна верзија? Денес купишта веб елементи кои ги имаат, сајтовите можат да „тежат“ над 2-3 MB. Цената на мобилниот интернет сé уште е скапа, иако одредени оператори нудат 300 денари за 1 GB, но додајте го видеото, стримањето, симнувањето апликации… Втор проблем е брзина на отварање на сајтот. Мобилните верзии се едноставни, не „тежат“ многу, се отвараат побрзо и служат за прегледување на најновите информации, креирани се да бидат прегледни на помалите екрани на мобилни телефони, за разлика од чекање да се отвори цел сајт на мало екранче заедно со сите други непотребни елементи, видеа, слики и банери. Што се однесува до мобилните апликации, тие се дизајнирани токму за мобилните платформи и овозможуваат полесен и целосен преглед на сајтовите, но и полесен пристап до веб услугите кои тој сајт ги нуди. За жал, многу .мк сајтови немаат мобилни апликации.

*Проверувањето на мобилните верзии е направено со Nokia 5800 и HTC Татоо, поради факт што некои мобилни верзии не се отвараа на еден од двата телефони.

  • time.mk – има + истакнато е на сајт и неофицијални мобилни апликации
  • strana.mk – нема
  • demotivacija.mk – нема
  • kajgana.com – нема
  • google.mk – /
  • on.net.mk – има + истакнато е на сајтот
  • motika.com.mk – нема
  • tocka.com.mk – нема
  • idividi.com.mk – има + истакнато е на сајт
  • pazar3.mk – нема, но има мобилна апликација за Android/iPhone
  • femina.mk – нема
  • kanal5.com.mk – дискутабилно, има истакнато на сајт, но не функционира
  • kurir.mk – нема
  • zazabava.com – има
  • sitel.com.mk – има
  • popara.mk – нема
  • dnevnik.com.mk – нема
  • vest.com.mk – нема
  • vecer.com.mk – нема
  • hibalkan.com – нема
  • crnobelo.com – нема
  • netpress.com.mk – има
  • utrinski.com.mk – нема
  • blog.mk – нема
  • kafepauza.mk – има
  • plusinfo.mk – нема
  • alsat-m.tv – нема
  • a1.com.mk – /
  • novamakedonija.com.mk – нема
  • ukim.edu.mk – нема
  • badijala.com – /
  • reklama5.mk – нема
  • fakulteti.mk – нема
  • zulu.mk – /
  • brkajrabota.mk – нема
  • daily.mk – има + истакнато е на сајтот
  • t-home.mk – има
  • nlbklik.com.mk – недостапно
  • taratur.com – нема
  • build.mk – нема
  • mnogoo.mk – нема
  • it.com.mk – има, истакнато на сајт + има мобилна апликација
  • 365.com.mk – има
  • vip.mk – има, само за вести
  • insomniapro.com – нема
  • zk.com.mk – има, истакнато е на сајт + има мобилна апликација (tnx Magi)
  • radiomk.com – нема
  • mia.com.mk – нема
  • notformen.mk – нема
  • press24.mk – нема

6 коментари на “Само 14 од топ 50 .мк сајтови имаат мобилна верзија

    1. " Само 14 од топ 50 .мк сајтови, според Alexa-mk…"

      Ја земаме листата од Alexa-mk не поради точноста, туку како едноставно мерило, тешко поинаку да најдеме листа на 50 сајтови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии