Сам свој мајстор со Cut Out + Keep

Кога се работи за правање најразлични работи, многумина ќе се сложат дека нема ништо поубаво од кога работите вие ќе си ги направите. Има нешто исклучително релаксирачко во целосна контрола и слобода за одреден проект.

Cut Out + Keep е веб сајт кој ќе ви пружи многу прилики да се чувствувате така, особено во овој период на самоизолација и дистанцирање. На располагање имате скоро 3000 чекор-по-чекор туторијали за искористување на непотребните работи кои ги имате низ домот. Како да го подновите новиот мебел, како да направите евтина, но импресивна патека за вашата градина, како да направите лампи, ѓердани, или украси од рециклирачки материјал, и многу повеќе! Наспроти првиот впечаток, Cut Out + Keep не е само сајт за правење храна и пијалаци, туку крие значително поразновидни туторијали.

За бројните техники, имате на расплагање соодветни совети, како и видеа, фотографии, и, за одредени проекти, и урнеци за печатење. Можете да создадете акаунт, да се приклучите на заедницата и да го дадете вашиот допринос во инспирирање на посетителите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии