Сакса успешно се движи кон уште еден Dota 2 International

Најдобриот македонски Dota 2 играч и еден од најдобрите „support“ играчи во целиот свет, Мартин Саздов Сакса успешно ја мина првата препрека кон уште еден Dota 2 International. Во оваа „авантура“ во тимот BlinkPool, Сакса повторно го придружува Расмус „MISERY“ Филипсен; Морис „KheZu“ Гутман од Германија и Григорис „Keyser“ Калиниатоис и Омар „Madara“ Дабачач од Грција го составуваат остатокот од тимот.

BlinkPool е креиран на 5 јуни, а официјално започнаа да играат под името BlinkPool на 12 јуни. Засега единствена цел им е учество на The International 2018.

Тимот помина во следната фаза каде чекаат тешки противници. „Open“ натпреварите всушност се своевидни квалификации за „Main“ турнирите од кои се одбираат патниците за финалето. За жал, од Европа патува само еден тим, па во финалето ќе има место само за најдобриот. Официјалните напретвари на The International започнуваат со групните фази од 15 до 18 август. Финалето и главниот настан се закажани за периодот од 20 до 25 август.

Сакса и пријателите успеаја да изборат учество во „The International 2018 Europe Qualifier“, натпревар чии победник оди директно на International. Но, натпреварите не се лесни. За учество на финалето BlinkPool ќе треба да бидат најдобар тим во конкуренција на: Team Kinguin, The Final Tribe, Kingdra, Singularity Esports, OG, Wind and Rain и Alliance.

The International е најголемиот турнир во Dota 2. Ова е турнирот со најголем награден фонд кога е-спортот е во прашање. Пред две години тимот на Мартин Саздов, Digital Chaos беше вицешампион на турнирот, а целата македонска јавност барем накратко побудале по еспорт. Се надеваме дека оваа година ќе го повтори успехот, и им поскуваме да отидат и еден чекор понатаму.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии