Сакате тепачки? Закажете си со Rumblr

First rule of Fight Club is…, Rumblr е апликација која на корисниците им овозможува да си закажат тепачка! Налик на апликација за договорања на состаноци, но овде средбите се на паркинзи, улички, празни парцели, вели VentureBeat. Според најавата, Rumblr има можност за испраќање на текст пораки и интегрирана мапа на која може да се закажат борбите.

Screen-Shot-2015-11-06-at-7.22.01-AM

Апликацијата не е достапна во AppStore, ниту на Google Play. Но, главната причина за ова е што Rumblr e лага – се работи за реклама за консултантска агенција „von Hughes“. Rumblr е дизајниран така да се прикажува како апликација, со локации за наводни тепачки, со профили на тепачи со кои може да отворите чет, што изгледа како софтверски, и откако ќе закажете тепачка, ве води на сајт на кој се промовира консултантската компанија. Иако се работи за лага, сепак компанијата за Mashable вели дека верувале во Rumblr како концепт да покажат за што се тие способни. Очигледно знаат да лажат, но велат дека се свесни дека една таква апликација може да биде опасна.

Ова е втор пат во речиси еден месец, контроверзна апликација да се искористи за маркетинг. Претходно, апликацијата за оценување на луѓе Peeple, слично како и Rumblr, излезе со контрoверзна идеја која предизвика револт и внимание, за на крај да се биде откриено дека е маркетиншки експеримент.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии