Сакате да знаете колку е јак сигналот на вашиот мобилен?

Ако кликнавте на линкот погоре, се наоѓате на OpenSignalMaps веб страницата. Ќе видите слика како оваа подоле, се разбира нема да биде истата ако не сте во Скопје, како мене.

Сега малку објаснување:

  • На првата слика се мапирани локациите на кулите од кои доаѓа сигналот и интензитетот на истиот.
  • На втората слика е топлинска слика за јачината на сигналот и покриеноста.

Aпликацијата гради база на податоци од кули за мобилен сигнал, неговата јачина и Wi-Fi точки низ светот. Податоците се превземаат од Андроид апликацијата и се качуваат на нивните сервери, грижејќи се да ви одземат што помалку процесирачка моќ и помалку да ја трошат батеријата.

На нивната страница порачуваат дека податоците кои се превземаат од Андроид апликацијата се соголуваат од секакви персонални информации, и дека информациите се прикажуваат отворено на нивната страница, тие само овозможуваат графички интерфејс за да имаат податоците смисла. Од вашиот телефон ќе ги превземат само податоци за сигналот и локацијата на кулите, типот на мрежата и јачината на сигналот. Секако, сите корисници можат да ја исклучат оваа можност и да не качуваат информации на нивниот сервер, и само да ги гледаат мапите.

Македонија е малку слабо мапирана, и ако се обидете да напишете некој град на пример во Америка ќе видите подетална мапа, било да е на кули или да е топлинска.

За оние кои ја наоѓаат оваа апликација корисна (некој што не сака веќе да се чуди зошто му се прекинуваат повиците во одредени области или за корисници кои патуваат), а и за оние кои сакаат да помогнат да ја направиме Македонија подетално мапирана, можете да ја симнете апликацијата преку овој линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии