Сакате да си направите вебсајт? Нов македонски стартап има кул решение…

Webstrian е новa македонска платформа со која може лесно да си направите ваш сајт. Нема потреба од програмирање или техничко предзнаење, вели Игор Крстев од xSoft, софтверската компанија која го нуди Webstrian. Идејата е да се понудат шаблони, т.е. темплејти врз кои платформата автоматски создава прилагодлив вебсајт т.е. responsive сајт кој ќе се прикажува според соодветни димензии на сите уреди, мобилни или десктоп. Вие како корисник само треба да внесете ваш текст и содржини, и имате кул сајт.

webstrian2

Webstrain е едноставен сервис со едноставна цел. Ако сакате да бидете препознаени како модерна компанија, тогаш првиот чекор започнува со веб сајт. Но, ако немате познавање во ИТ тогаш целиот процес на креирање на сајт станува една голема главоболка – треба да најдете дизајнери, девелопери, хостинг компании, да потрошите пари и време за да добиете убав сајт. Со Webstrain, Игор вели дека ќе може да се скрати тој процес на неколку минутки. Ок, можеби ќе добиете темплејт кој ќе наликува на други сајтови, но конечната цел ќе биде исполнета – ќе бидете онлајн со кул сајт.

„Со цел уште повеќе да им помогнеме на корисниците и целиот процес да биде поедноставен и побрз за нив, по регистрацијата, новиот веб-сајт кој Webstrian го креира за корисникот е комплетен веб-сајт, значи веб-сајт со сите страници, структура и содржини кои одговараат на областа која корисникот ја избрал“.

Планот е да се почне од Македонија, каде Webstrian ќе се понуди на малите и средни претпријатија. Бизнис моделот е вообичаен за вакви сервиси. Се наплаќа претплата во замена на сајт и хостинг. Игор вели дека зад xSoft стои мал, но искусен тим со над 10 годишно искуство што му дава самодоверба дека ќе го истуркаат Webstrain на странскиот пазар. „Прво целта ни е нашите компании да дознаат за нас и нашата услуга. Откако ќе биде исполнета оваа цел, ќе се фокусираме повеќе и на странскиот пазар“, вели тој.

2 коментари на “Сакате да си направите вебсајт? Нов македонски стартап има кул решение…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии