Сакате бесплатно 50 GB веб складиште? Еве како да го добиете

Дејан Соколоски

во Совети

По Android, Box го зголеми просторот на 50 GB и за корисниците од iOS. Зголемувањето од 10 на 50 GB ќе биде добредојдено кај сите корисници, а доаѓа и со редизајниран кориснички интерфејс и додавање на над 100 нови типови на фајлови. Новата апликација овозможува и побрз пристап до податоците, но и можност за истовремено бришење на повеќе фајлови. Промоцијата е достапна на сите корисници кои ќе ја превземат апликацијата во следните 30 дена. Доколку се одлучите да ја превземете апликацијата проверете дека ја симнувате Box 3.0 верзијата.

„Наша цел е да обезбедиме најдобро искуство за корисниците зедно со безбедност и контрола за едноставно споделување на фајловите за различни платформи. Ова издание им нуди на iOS корисниците одлични перформанси, бизнис алатка со едноставност, елегантен и прекрасен дизајн.“, известува компанијата на својот блог.

[youtube]Rt7RaX61DeQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии