Сакаме единствен европски дигитален пазар, интервју со Нели Крус

Целта ни е да креираме единствен дигитален пазар, поголема онлајн доверба и брз интернет за сите, вели еврокомесарката за информатичка технологија Нели Крус во интервју за Silicon Republic, коментирајќи ја европската Дигитална Агенда која доколку Македонија стане ЕУ кандидат (и член) ќе мора да ја следи.

„Ние ги зацртавме процесите кои креираат единствен дигитален пазар, го зголемуваат нивото на онлајн довербата и безбедност и донесуваат брз и супер-брз интернет пристап за сите. Исто сакаме да им дадеме на граѓаните вештини за целосно да се вклучат во дигиталното општество и да ја користат дигиталната технологија за да се справат со предизвиците, како промена на климата и застарувањето на популацијата. Ќе се фокусираме на интероперабилност и стандардни за дигиталните сервиси и уреди работат и комуницираат меѓу себе.“ вели г-ѓа. Крус.

Еврокомесарката зборуваше за инвестиции во истражувањето и иновации, како и за донесување оптички интернет за повеќе европејци.

Но пред да се разговара за оптика, голем проблем во Европа е основниот интернет пристап и доволно брза интернет конекција за да се користат модерните сервиси и веб услуги. Целта на ЕУ е до 2020 сите граѓани да имаат пристап до барем 30Mbps брз интернет, а половина од граѓаните да имаат над 100Mbps.

„ЕУ им помага на земјите членки да го овозможат Развојот и да го прифатат брзиот и ултра-брзиот интернет. До нив е и нивните компании целосно да го искористат тоа. Европските телеком правила бараат регулаторите на националните телекоми да охрабрат соодветни инвестиции и да промовираат конкуренција. Кога конкуренцијата не е ефикасна, регулаторите ќе можат да наметнат специфични регулаторни мерки врз доминантните компании да го средат пропустот во пазарот, правејќи пазарен преглед, како дел од телеком правилата на ЕУ.“

Заедно со подобрата конкуренцијата, ќе дојдат подобри услуги за европските граѓани. Но и тука има проблем со трговијата меѓу границите. Во ЕУ има 27 земји со различен јазик, култура, закони… тоа се 27 дигитални пазари.

„За да направиме прав единствен дигитален пазар, Комисијата има намера да го отвори пристапот за легалната онлајн содржина со поедноставување на авторските права и лиценци, овозможувајќи електронско плаќање и воведување проекти како Единствена европска платежна зона и креирање на европски систем за решавање на проблеми при трансакции, така што корисниците ќе знаат каде да се обратат во случај работите да не одат како што треба.“

Интересно за г-ѓо. Крус највозбудливите нови ИТ можности се е-здравјето или „доктори кои користат паметни телефони да ви ги измерат ударите на срцето.“

Целото интервју ќе го најдете на SiliconRepublic.com.

1 коментар на “Сакаме единствен европски дигитален пазар, интервју со Нели Крус

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии