Сакаме да ја канибализираме пиратеријата, вели основачот на Spotify

Spotify, Rdio, Turntable.fm… овие нови сервиси стануваат се попопуларни бидејќи се решението за слушање музика без потреба да се закачуваат песните на веб, симнуваат или пиратираат. Сервисите се достапни само во одредени земји, главно ограничени поради лиценците, но се сервиси кои може набргу да ги очекуваме да се појават на сите пазари.

Tоа што ја привлекува музичката индустрија да соработува со нив e што сервисите имаат бизнис модел со кој може да се платат авторските права и нудат услуга подобра од пиратирање. Сервисите нудат решение кое им дозволуваат на корисниците да слушаат колку сакаат песни без потреба да ги симнат. Песните се стримаат директно на компјутерите, а доколку сакате да ги слушате без да ве бомбардираат со реклами или пак на мобилен, ќе треба да се претплатите.

„Привлековме милиони луѓе кои крадеа музика кои сега плаќаат повеќе за музика. Според историските стандарди, некој да плаќа 120 долари годишно е трошење многу пари за музика.“, вели главниот за содржина на Spotyfy, Кен Паркс, на конференциајта SXSW.

Spotify има над десет милиони активни корисници месечно. Од нив околу 3 милиони се претплатници благодарение на кои Spotify исплати 250 милиони долари за авторски права.

Според г. Паркс, Spotify и сличните сервиси помагаат да ги предомислат пиратите да не пиратераат во земји како Шведска каде немаше музички пазар пред сервисот. Spotify e основан во скандинавската земја.

„Тоа што се обидуваме да го направиме е да ја оправдаме вредноста на музиката и да им помогнеме на уметниците да ја оправдаат вредноста на нивната работа. Тоа што сакаме е да ја канибализираме пиратеријата.“, вели тој.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии