Сајтовите на весниците стануваат се побавни и побавни

Анализата на новинските сајтови покажува дека Интернет е полн со лошо дизајнирани весници и медиуми. Најголема причина за ова се рекламите кои се појавуваат на секоја страна, па конечна жртва на монетаризацијата не е само дизајнот, туку и брзината, вели Monday Note. Сајтовите кои треба да пренесуваат информации, и за да се појават повисоко во листата на Google за корисниците да имаат подобар пристап до содржината, ги принудуваат девелоперите постојано да додаваат нови гаџети.

„Често овие направи се користат за да се скријат професионаланите недостатоци кои се од неспособност да се смисли добар начин на рекламирање кој нема да биде одбиен од корисниците, систем на кој нема да има потреба да кликаат, па се до добри стаии кои самите природно ќе пронајдат начин да стигнат до корисниците без дополнителна стимулација“.

Најголемиот дел од сајтовите денес се преполни со дополнителни информации, ленти со други вести одстрана, реклами, линкови. Се ова дополнително го зголемува габаритот и содржината која треба да се преземе, а сепак во центарот на ова е статија од 1.500 до 2000 збора и високо-квалитетни слики за чие отварање се потребни само неколку секунди. Како пример за отворање на New York Times се потребни 4 секунди, а за отворање на статија на Wikipedia само 983 милисекунди, вели авторот на постот, Фредери Филу.

Креирањето на робусни и неприлагодени веб сајтови прави ситацијата со мобилните платформи да биде уште полоша отколку на десктоп. Квалитетот на прелистувачите за овие уреди вообичаено е полош од оние на десктоп, а рекламите на мобилна платформа прават ужас. Можеби ова е причинта поради која Facebook се одлучи да креира сопствена платформа на која корисниците ќе можат набрзина да ги отвораат страните. По овој пример тргна и Apple и преку Apple News креаторите на содржини можат да ги објавуваат на оваа платформа, но покрај дел од подобрувањата проблемите со гломазните реклами остануваат.

Но дали навистина е важно какво е корисничкото искуство на мобилна платформа? Да. Kористењето на мобилниот интернет расте далеку побзо отколку десктоп, и се е поголем бројот на корисници кои пристапуваат од мобилна платформа. Затоа не е изненадување определбата на се поголем број девелопери и технички компании за кои важи правилото – мобилното прво.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии