Сајтовите на контроверзната Peeplе се изгасија по гласните критики

Откако минатата недела интернет се разгневи на контроверзноста на апликацијата што резенцира луѓе,, тимот на
Peeple, а и нивниот сервис наеднаш исчезнаа. Ниту веб сајтот, ниту профилите на друштвените медиуми не се достапни, иако дел од корисниците велат дека се пренасочени кон друг сајт на која во моментов стои само пораката „Приклучи се на позитивната револуција #oct12,“ вели ВВС.

Можеби најчесто спомнувана верзија за настанот е дека целата станува збор за измама. Snopes тврди дека до 30 септември речиси никој не го споменува сервисот, а потоа „експлозија“ од вести. Ниту сервисот, ниту апликацијата немаат оставено траг на интернет, а пребарувањето ограничено на резултати три дена пред објавата нема ниту еден резултат. Во недостиг на официјални информации, најголем дел од приказните за стартапот доаѓаат како шпекулации. Сепак 12 октомври е дата која ја спомна и Џулија Кордреј, која е основач на сервисот, ветувајќи дека тогаш ќе го обелоденат својот план. Таа вети и дека луѓето нема да се појават во апликацијата ако не дадат дозвола, и дека ќе има 48-часовен период за сите негативни коментари да бидат прегледани.

Со оглед на тоа дела 12 октомври не е воопшто далеку, наскоро ќе дознаеме што се случува со Peeple, дали е маркетинг трик и дали медиумите беа во право за апликацијата нарекувајќи ја „Yelp за луѓе“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии