Сајтот „Скопје дише“ оди во заборав?

Сајтот „Скопје дише“ кој даваше информации за (лошиот) квалитетот на воздухот во Скопје не работи, и можно е да не биде активен повторно. На сајтот стои дека „апликацијата се надградува и ќе биде достапна наскоро“, но Greenbox.com.mk пренесува разговори со Фармехем и Градот Скопје од кои се дознава дека сајтот нема да стартува повторно.

Според Фармехем, тие имале само едногодишен договор за одржување на системот. Договорот завршил, а компанијата не добила иницијатива од Градот Скопје да го продолжат, иако, како што велат, сакале да го обноват системот.

Градот Скопје, пак, вели дека сајтот бил иницијатива на фирмата, односно не бил нивен.

„Сајтот не беше наш. Во моментов не можеме да кажеме дали зависи од нас или од Фармахем. За нас е важно да работат мерните станици и граѓаните да можат да ги добиваат информациите за квалитетт на возухот од дисплеите на уредите.“, вели портпаролот Неделчо Крстевски за Greenbox.com.mk.

Од Град Скопје велат дека за да се продолжи работењето на сајтот ќе треба да има постапка која ќе биде комплицирана и ќе треба да се оди на тендер.

„Градските власти и Министерството за животна средина по притисокот од јавноста беа принудени да извршат инпекции во индустриските објекти по што загадувањето се намали. Според истражување на Институтот за јавно здравје во Скопје годишно ќе се избегнат 117 смртни случаи и 420 заболувања ако во воздухот се намалат за една третина концентрациите на прашина.“, пишува Greenbox.com.mk.

1 коментар на “Сајтот „Скопје дише“ оди во заборав?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии