Но, сајтот кој објави куп контроверзни и доверливи дипломатски документи, како и документи од двете војни во Ирак и Авганистан, покажува дека нема толку лесно да се откаже од борбата.

Покрај тоа што серверите на Wikileaks се сместени во нуклеарен бункер, Wikileaks објави инструкции како да се креира mirror сајт, односно сајтови-огледалo, копија на Wikileaks заедно со линкови до содржината, и кои се наоѓаат на друг провајдер и сервер. Ако се изгаси еден, ќе има уште стотина други кои ќе се достапни.

Моментално има 507 mirror сајтови. Листата е променлива, постојано се додаваат нови, а тие што не работат се тргаат.

Дополнително, поддршката за Wikileaks се прошири и на Twitter каде многу корисници започнаа да го користат #imwikileaks (анг. јас сум Wikileaks) тагот да споделат информации поврзани со документите и mirror сајтовите.

WikiLeaks now hosted at 507 locations, planet wide http://wikileaks.ch/mirrors.htmlMon Dec 06 16:43:28 via web

Освен што го заштитија сајтот на овој начин, веќе подолго време Wikileaks има закачено на интернет фајл од 1.4 гигабајти со име insurance.aes256. „Осигурувањето“ содржи уште доверливи документи и може да се најде на разни торент сајтови. Тој фајл е заштитен со шифра од 256 знаци, а доколку се нешто случи на Џулијан Асанж или на Wikileaks, ќе се сподели кодот и доверливите документи ќе бидат објавени јавно од разни корисници.

3 коментари на “Сајтот на Wikileaks сега има стотина копии

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии