Претседателот и министерствата плаќаат над просекот за своите .gov сајтови (анализа)

Новиот веб сајт на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, е скоро шест пати поскап од најевтиниот .gov сајт, се вели во анализата „Индекс на рационалноста“ на Центарот за граѓански комуникации.

„Соодносот на најниската и највисоката цена во изработката на нова веб-страница изнесува 1:5,7 односно највисоката цена е за дури 470% повисока од најниската. Цените се движат од 61.750 денари до 352.230 денари.“

Индексoт на рационалноста (.pdf) е квартална анализа која има за цел да донесе поголема транспарентност во трошењето на јавни пари од страна на 84-те државни институции. Индексот е замислен како показател за државните институции, кој треба да им послужи како основа за подобрување на рационалноста при трошењето на јавните пари, иако од самата анализа се гледа токму спротивното.

„Олку големите разлики во цената на чинење на веб-страниците лесно можат да се објаснат со применетата постапка за јавни набавки, а која, како што е веќе наведено, е барање за прибирање понуди без објавување оглас. Имено, при оваа постапка не се обезбедува никаква транспарентност, бидејќи самите институции одбираат од кои три фирми ќе побараат да им достават понуда.“

Во анализата се вели дека од седумте институции кои изработиле нов веб сајт минатата година, „ниту една институција не ја набавила оваа услуга преку постапка за прибирање понуди со објавување оглас или, пак, преку отворена постапка. Услугата што ја имаат набавено институциите, иако е иста, сепак е различно опишана во склучените договори“. Тоа значи дека секоја институција посебно ја дефинирала услугата, од едноставно дизајнирање на веб-страна до подетално опишан договор за изработка на CMS и имплементација.

5 коментари на “Претседателот и министерствата плаќаат над просекот за своите .gov сајтови (анализа)

  1. Јас би го направил без пари. Тие илјадарчиња нека ги дадат за покрив или прозори во некое училиште.

    1. Тоа што ти ќе го направиш беспари некој друг ќе остави без покрив или прозори. Ако си толку дарежлив секогаш постои можност да донираш. Никој не е луд да те одбие.

    1. Воопшто не е битно дали решението е направено со joomla или друг CMS. Зошто да работиш нешто од почеток, кога веќе некој пред тебе го направил истото, го тестирал, твое е само да го надополниш за твои потреби.

      Никој програмер или веб дизајнер не почнува нешто од нула, цело време се користат готови библиотеки, стилови… Тоа е и целта, да решиш некој проблем во кратко време, а тоа се прави со комбинирање на веќе фунционални делови.

      Она што го интересира клиентот е дали решението е стабилно, брзо, безбедно, т.е. функционира онака како што треба.

      A тоа што зеле 6000 евра е работа на договор и поради што Претседателот и останатите обични луѓе не се програмери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии