Сајт пренесува стримови од стотици небезбедни веб камери, педесетина се во Македонија

Сајтот Insecam собра стримови од над 73.000 вебкамери кои стримаат преку јавна мрежа или кои се уште ја користат основната лозинка, главно CCTV или IP камери. Околу 50-тина од тие стримови се од камери во Македонија, поточно од продавници и магацини во Битола, Штип, Охрид, Гостивар и други места.

Овие стримови на необезбедените камери не се нешто ново, постојат со години бидејќи едноставно никој не се грижи за нив, а други се на јавни места. Но, тоа што е алармантно е што Insecam е првиот сајт кој ги има соберено сите на едно место, пренесува Motherboard. Сајтот е хостиран во Русија и, според администраторот, содржи листа на камери од јавни места, како продавници, трговски центри итн. Но, на листата можат да се најдат и камери од спални соби од ширум светот, кои се уште имаат основни лозинки како admin:admin.

Интересно, нарушување на приватноста преку овие стримови не е криминал бидејќи стримот е јавен. Според администраторот, се што треба да се направи да се скријат овие стримови, посебно тие од приватните домови на корисниците, е да им се смени лозинката.

4 коментари на “Сајт пренесува стримови од стотици небезбедни веб камери, педесетина се во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии