Сајбернапади врз страниците на анти-расистички групи

Протестите по смртта на Џорџ Флојд и натаму се во фокусот на известувањата од САД и од светот. Очекувано она што се случува на улиците се префли и во сајбер просторот. Сајбер нападите врз страници кои се анти-расизам се зголемени 1120 пати. Податоците за зголемениот број на напади ги сподели Cloudflare.

Последниот викенд во мај Cloudflaire блокирал вкупно 780 000 http повици во секунда. За споредба последниот викенд во април Cloudflare блокирал 670 000 http повици во секунда. Во овој период забележан е пораст на нападите од 17 отсто. Или со апсолутни бројки минатиот викенд се блокирани 19 милијарди напади.

Во овој период најголем е порастот на напади врз организациите кои се грижат за правата на афроамериканците во САД. Само во овој сегмент е забележан пораст од над 1120 пати, од речиси 0 напади на крајот на април до 20 000 напади во секунда минатиот викенд. Еден сервер во Франција цел ден извршувал напади.

Нападите на државните страници, вклучувајќи ги тука и полициските станици се пораснати за 1,8 пати, а нападите врз воените веб-страници се пораснати за 3,8 пати. Дел од овие напади можеби се показател за активирањето на хактивистите Anonymous кои минатата недела се појавија повторно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии