Сајбер насилство — Злото на социјалните мрежи

(Ова е гостински блог на Борис Кузманов, првично објавен на Medium)

Насилството и навредата не се ништо ново, но рапидниот раст на социјалните мрежи во последните неколку години само создадоа нов канал низ кој младите, лесно, со неколку тапкања по тастатурата, скриени позади некоја маска, го спроведуваат.

Интернетот со себе донесе голем број на позитивни работи и претставува моќна алатка. Тој ни овозможи брза и лесна комуникација, размена на искуства и пристап до огромно количество на корисни информации. Но, како и секоја моќна алатка, така и оваа може да се злоупотреби.

Насилникот добива дополнителна храброст, бидејќи не мора очи во очи да се соочи со жртвата и често добива (лажна) претпоставка дека е целосно анонимен. Жртвата пак, тешко да дојде до израз, бидејќи на напаѓачот вообичаено му се приклучува одредена група на луѓе кои го поддржуваат или само сакаат да прават шеги на друга сметка, а не се свесни дека со самото тоа помагаат при ширењето на омраза.

Колку пати до сега сме биле сведоци на сајбер насилство на Facebook и/или Twitter? Колку пати сме прочитале коментари за тоа кој е најглуп, најружен и да не набројувам… Сѐ почести се и видеата со физичко насилство закачени на YouTube.

Решението не е да се игнорира проблемот, ниту од страна на личноста која е нападната, ниту сајбер насилството генерално. Потребна е едукација на младите да се научат да се контролираат и паметно да ги искористуваат можностите што им ги нудат паметните телефони и интернетот.

Многумина не разбираат дека некои зборови навистина може да повредат некого. Луѓето мора да се освестат дека тоа што го прават онлајн може да има огромни последици и во реалниот свет.

Според статистиките за 2014-та година од NoBullying:

  • 7 од 10 луѓе се цел на сајбер насилство;
  • 37% од нив се честа мета на сајбер насилство;
  • 20% се секојдневно изложени на сајбер насилство;
  • Сајбер насилството катастрофално влијаело врз самодовербата и социјалните животи на дури 70% од младите;
  • Најголем дел од сајбер насилството се случува на Facebook;

Пријави говор на омраза!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии