Сајбер напад со дрон е одличен показател за (не)безбедноста на IoT

Група истражувачи креираа „црв“ кој овозможува напад врз уреди од палетата „Интернет на нештата“. Тимот е составен од научници од Weizmann Institute of Science од Тел Авив и  Dalhousie University од Халифакс.

За разлика од постоечкиот софтвер кој напаѓа повеќе уреди, ZigBee е фокусиран единствено на Hue-паметните светилки. Светилките кои се прозведени од Phillips не се понебезбедни од останатите, па одлично ја презентираат небезбедноста на сите уреди.

Станува збор за концепт, но тимот одлично прикажува како може да биде нападнат целиот дом, во случајов светлки, но и штекери, брави, термостати и што уште не. Софтверот кој е креиран треба да ја покаже опасноста од групирање на повеќе паметни уреди блиску едни до други.

Истражувачите успеаа да ги пробијат светлките, и да направат да трепкаат СОС пораки. Малициозниот софтвер се пренесува преку дронот, а потоа секоја од светилките може да ги зарази останатите во близина. За овој хак е искористен пропуст во заштитата, кој Phillips оттогаш го затвори, јави New York Times. Сепак со толку многу различни производители и можности, ова секако нема да биде единствениот напад и пропуст кој ќе биде искористен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии