Сајбер криминалците започнуваат со напади врз галерии во Лондон

Сајбер криминалци оштетија неколку уметнички галерии и трговци со уметнички дела од Лондон. Галериите и трговците се цел на имејл измама.

Криминалците дошле до пристап до официјалниот имејл на галериите. Потоа на сите купувачи на уметнички дела до кои биле испраќани фактури, испраќале нов имјел. Поштата вели дека има грешка во претходната порака и треба да се промени сметката на која се прави уплатата.

„Седум, осум часа откако ја пративме фактурата, купувачот добил нова електронска пошта во која пишува дека фактурата која сме ја испратиле е со погрешна валута, и дека исплатата треба да ја направат на друга сметка“, вели претставникот на Rosenfeld Porcini галеријата.

Претставници на повеќе галерии се жалат на хакерски напади. Засега се пријавени стотици илјади фунти како потенцијална штета. Најголем дел од банките ги прекинуваат овие уплати, но секако треба да се биде внимателен.

„Знаемe дека се зафатени повеќе галерии. Сумите кои се загубени се помеѓу 10.000 и 1 милиони фунти. Се сомневам дека проблемот е поголем отколку што мислиме“, вели Адам Придо, осигурителен брокер, за Art Newspaper.

Еден од начините за надминување на овој проблем е користење на двојна авторизација. Со ова дури и да има податоци за електронската пошта, нема да може да се логира и да испраќа пораки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии