Saints Row The Third добива римастер

Мартин Јованчевски

во Вести

Saints Row серијалот е еден од нашите омилени алтернативи на GTA игрите. Откачена акција која произлегува од целосно заобиколување на логиката и каризматични ликови кои се подеднакво интересни како и огромниот свет во кој сте фрлени. Saints Row е феноменален серијал, а тројката веќе подолго време како се истакнува како една од најдобрите игри направени од Volition.

За нешто повеќе од месец дена, ќе излезе римастер верзија на хитот од 2011 година, и тоа за PC, PlayStation 4 and Xbox One. Се работи за значителна графичка надградба, каде сите асети, особено светлосните и визуелните ефекти, се значително подобрени, поставувајќи го играчот во значително поверодостојна димензија.

Трејлерот одлично ги покажува новите визуелни промени

За римастерот е задолжена компанијата Sperasoft, добро познати ветерани кои специјализираат на оваа поле. За Saints Row The Third, се имаат потрудено да вклучат целосно нови текстури на над 4000 асети. Римастер верзијата ќе се испорача со трите експанзии за играта, но и со сите DLC додатоци. Единствено нешто што не нѝ се допаѓа е цената. Оваа, одлична, но, сепак, стара игра ќе се продава од 21 мај по цена од 40 долари, што, некако, сметаме дека е премногу. Старата игра се продава со сите додатоци по нормална цена од 15 долари.

Во меѓувреме, Volition макотрпно работи на нова Saints Row игра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии