Safeplug е хардвер за анонимно сурфање преку Tor мрежата

Safeplug e хардвер кој корисниците го приклучуваат на својот рутер и хардверски го прави истото што го прави Tor софтверот за анонимизација. Корисници на уредот би можеле да бидат луѓе кои несакаат да одвојат време да ја совладаат софтверката алатка за анонимизација. На Tor во моментов се гледа како на еден од најбезбедните методи на анонимно прелистување на Интернет, а Safeplug вели дека е екстремно безбеден, иако треба да се знае дека ниту еден метод не е 100 отсто безбеден 100 отсто од времето. Со оглед на тоа дека прегледувањето на интернет преку Tor значително ги забавува разгледувањето на содржини, дел од страните можат да се одбере да се посетуваат без анонимизирање.

„Ние сме огромни фанови на Tor, а сме и многу добри во креирање на вакви мали уреди. Потребни се само 60 секунди да се инсталира Safeplug, а потоа целиот интернет сообраќај во куќата станува анонимен. Сакаме да им овозможиме на луѓето кој не се доволно технички подготвени да можат да користат интернет анонимно.“, вели основачот на Pogoplug Ден Путерман за Gigaom.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии