Оваа година како додатна задача за хакерите, покрај тоа што мораат да го бутнат прелистувачот, треба и да ги заобиколат сите „песочни кутии“ (sandboxes) кои им се подметнати.

Safari 5.0.3 го бутна француската сигурносна компанија VUPEN за 5 секунди, со нивната специјално дизајнирана злонамерна интернет страница. Иако Safari падна многу брзо, од VUPEN подоцна изјавија дека ова било многу тешко да се направи, поради многу малата документираност на 64-битниот Safari. Исто така, од VUPEN велат дека биле потребни 2 недели и тројца експерти за да го креираат кодот.

Следниот да кој падна е очекуваниот Internet Explorer 8. Сигурносниот истражувач Стивен Февер, рече дека му требале 5-6 недели за да го комплетира успешниот напад.

Третиот прелистувач кој беше денеска на репертоар e Chrome, но за жал, не се појави експертот кој требаше да го нападне. Google пред почетокот на натпреварот понудија додатни средства за оној кој успешно ќе го бутне Chrome, но сигурностите експерти мора да се соочат со построги правила.

Во моментов напаѓани се Firefox, iPhone, Blackberry OS, Android, и Windows Phone 7, а наскоро ќе знаеме и резултатите. Целосните информации ќе бидат достапни по завршувањето на натпреварот.

4 коментари на “Safari падна за 5 секунди на Pwn2own

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии