„Извештаите и економската анализа демонстрираат дека отвореноста на Интернетот не може да биде земена за готово, и дека е изложена на опасност.“, вели вели FCC додавајќи дека „Интернетот е еднакво поле за играње“, поле каде корисникот има слобода на избор која резултира во иновации и инвестиции, а ова се претвара во поквалитетна мрежа, што понатаму води кон иновации и инвестиции.

Но, иако доведување на нет-неутралност е позитивен чекор, сепак критиките и дебатата за правилата продолжува во САД.

Според Коалицијата за отворен интернет (OIC) составена од Google, Skype и други интернет сервиси, е незадоволна од одлуката да не се направи поголема контрола на мобилниот интернет, за кој има полабави правила за разлика од фиксниот широкопојасен интернет, пример дозволување на мобилните оператори да наплаќаат дополнително за користење на веб сервиси, фаворизирајќи си ги своите сервиси.

Тоа што е чудно е што полабавите правила за мобилниот интернет е бидејќи „Android оперативниот систем е отворен“ што нема врска со интернет пристапот.

Дебатата за нет-неутралност може наскоро да се продолжи и во Европа, каде се верува дека големиот пазарот со различни провајдери од различни земји гарантира поголема конкуренција и нет-неутралност.

1 коментар на “САД воведе правила за нет-неутралност

  1. И најдолгиот пат започнува со еден чекор. Правила се донесени, законот поставен, дупчето пробиено. Сега само ќе се шири и продлабочува. Со постепено затоплување ќе се зоврие жабата – ние, обичните корисници на Интернет.

    Ќе ја губиме рамноправноста и слободата баш под циничниот превез „за зачувување на неутралноста“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии