САД му забрани на Intel да продава делови за кинескиот суперкомпјутер

Поради стравување од развој на нуклеарна програма на Кина, САД му изрече забрана на Intel со која ја спречува компанијата да испорача десетици илјади чипови за надградба на најбрзиот суперкомпјутер во светот, кинескиот Tianhe-2, или „Млечен пат 2“.

Забраната ја изрече Одделот за трговија на САД поради загриженоста дека со Tianhe-2 може да се прават нуклеарни истражувања, јави BBC. Одделот се повика на одредба на законот за трговија, која не дозволува извоз на технологија која може да се користи за дизајн, развој или производство на нуклеарно оружје. Покрај Tianhe-2 кој 18 месеци е најбрзиот суперкомпјутер, забраната се однесува и на други три суперкомпјутери кои се користат за развој на нуклеарно оружје.

Intel не ја обжали одлуката на комисијата, велејќи дека сите мора да ги почитуваат законите. Истовремено компанијата има договор со Владата на САД од 200 милиони долари за испорака на Xeon процесори за новиот Aurora суперкомпјутер во Илиноис. Доколку ситуацијата не се промени, суперкомпјутерот во Argonne National Laboratory по неговото завршување ќе го замени Tianhe-2 на местото најбрз суперкопмпјутер со 180 петафлопи. Со предвидените надградби кои сега се доведени во прашање, Tianhe-2 требаше да процесира со 110 петафлопи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии