САД креира лажни онлајн профили за „друштвена интеракција со терористи“

Софтверот, кој треба да се креира од Centcom корпорацијата од Калифорнија која го добија договорот со армијата на САД, ќе може да се користи од едно лице да се контролираат до 10 различни веб идентитети, или „марионети“. Марионетите треба да имаат убедлива позадина, историја и детали, и да можат да се контролираат од 50 војни лица „без страв да бидат откриени од софистицирани непријатели“. Со софтверот војните лица ќе можат да интервенираат со контра-аргументи на онлајн дискусијата преку неколку блог постови, пораки, коментари.

„Технологијата поддржува доверливо и тајно блогирање на странски сајтови за да му овозможи на Centcom да се спротистави на агресивните екстремисти и непријателска пропаганда надвор од САД.“, вели портпаролот на Centcom, командирот Бил Спикс за Guardian, при тоа додавајќи дека софтверот е наменет за „не-англиските земји“ бидејќи ќе биде лошо да се обраќаат на американската публика со таква технологија. Целта се земјите каде се шири, пример, џихадистичката пропаганда, па софтверот би помогнал да се намали регрутирањето и тренингот и да се стави сомнеж во идеологијата.

Интересно Centcom вели дека Facebook и Twitter не им се мета, но зошто би одговорил дека им се?

Сличен софтвер бил и претходно искористен во Ирак. Operation Earnest Voice е програма развиена за психолошка војна против онлајн присуството на ал-Каеда во Ирак, како и против џихадистите од Пакистан, Авганистан и Средниот Исток.

Во принцип, ова е „друштвена интеракција со терористи“ вели познатиот професор по новинарство Џеф Џарвис.

„Ова е неверојатно глупаво и нема сомнеж дека лажните профили ќе бидат откриени… Но трудот е исто така забавен, бидејќи нема апсолутна потреба да се трошат милиони долари за креирање на лажни онлајн профили. Било кое дете или трол ќе го направи тоа бесплатно. Милиони и го прават.“

Освен дискусија за потребата од и конечен успех на ваквиот софтвер, поголем дел од критичарите велат дека ако САД инвестира во вакви „лажни“ профили, зошто да не и другите земји кои имаат потреба од пропаганда?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии