САД, Канада и Британија вметнувале злонамерен код во мобилни апликации

Безбедносен пропуст во мобилните прелистувачи се користи за сајбер напади на паметните телефони, oд страна на канадски, американски и британски тајни служби. Дополнително постоеле и планови за напади преку линкови за Google и Samsung продавниците, јави националниот канадски новински сервис CBC.

Прелистувачот со најголем број на напади е UC Browser кој во периодот на нападите е помеѓу најпопуларните апликации во Кина и Индија. Можеби пострашно е што разузнавачките агенции се одлучиле да ги искористат слабостите на UC Browser, без намера да ги известат креаторите на софверот со тоа оставајќи ги корисниците отворени и за понатамошни напади. Се ова е направено под закрила на „поголемо добро“ – заштита на граѓаните од тероризам.

Станува збор за период од 2011-та и 2012-та година во кој тимови од петте споменати држави се собирале во „работилници“ обидувајќи се пронајдат начин за вметнување на малициозен софтвер.

Безбедносни пропусти се откриени од таканаречената „Five Eyes“ контраразузнавачка алијанса, односно Канада, САД, Британија, Австралија и Нов Зеланд. Оваа група барала и начин за инфилтрирање во двете најголеми продавници за Android апликации Google Play и Samsung App Store, преку „крадење“ на податоците од дата линковите до серверите на двете компании, се вели во доверливите документи кои ги достави поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии