САД ја обвинува Русија за сајбер напади и протерува над 35 руски дипломати

САД протера 35 руски дипломати за кои тврдат дека се обиделе да влијаат на изборите во САД. Станува збор за членови на руската агецнија G.R.U. кои во САД влегоа со дипломатски документи. Истрагите на Федералното истражно биро и Одделот за национална безбедност, покажаа дека G.R.U. се зад нападите на серверите на Демократите. Агенциите затворија и два имоти кои се користеа како паравани за шпионска активност. Куќите се наоѓаат во Глен Ков во Њујорк и во Мериленд, јави New York Times.

Дополнително, една од последните наредби на сегашниот претседател Обама е можност да возвратат доколку има обиди за влијание на изборите. Наредбата може да се издаде и за влијание на партнерите на САД, како Франција или Германија. Причина за ова се вестите дека има извештаи за преземени сајбер воени акции во овие држави.

Извештајот на Федералното истражно биро и Одделот за национална безбедност покажуваат дека групите организирале повеќе сајбер напади. Напади биле организирани врз Светската анти-допинг федерација, изборите во Грузија, напад врз TV5Monde.

Извештајот на Microsoft од 2015 ја лоцира групатa и ги именува како APT28 „Advanced persistent threat 28“.

Заедно со извештајот агенциите објавија делови од злонамерниот софтвер, ИП адресите и останати показатели за руските операции. Сепак дел од експертите сметаат дека нема доволно докази кои ќе укажат на водачите на овие групи. Дополнително веројатно е дека ќе има и одговор од сајбер агенциите на САД, кои сигурно ќе бидат невидливи за јавноста, но ќе биде јасен сигнал за Русија и Владимир Путин.

1 коментар на “САД ја обвинува Русија за сајбер напади и протерува над 35 руски дипломати

  1. Без заземање на страна. Но апсолутно наивно и евтино двојно перење од поразот и перење на мозококот на донаторите на поразената страна во USA – демократите.
    На страна е пак фактот дека УСА дипломатите сигурно несадат цвекиња по паркови во Русија .

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии