САД и официјално ги препозна гејмерите како професионални спортисти

Ким „viOLet“ Донг Хван е првиот Starcraft 2 играч кој е добитник на спортска виза за влез во САД и истовремено еден од првите гејмери кои се квалификуваа за ваков вид на виза, јави National Public Radio. Претходно ваков вид на виза P-1A, доби и канадскиот League of Legends играч Дени „Shiphtur“ Ли.

Ким Донг Хван е на 63 место на светска ранг листа за Starcraft 2 и веќе има заработено над 95.000 долари играјќи ја популарнат стратегија. Сепак оваа виза тој ја доби откако претходно престојувал подолг период во САД како студент. Откако едно негово барање за виза беше одбиено, тој се пријави за спортска виза и сега viOLet има среќа да биде првиот Starcraft играч кој и официјално е препознаен од властите како спортист.

„Гејмингот бара полно работно време, па неможноста да се присуствува на турнири или да се патува и натпреварува е спречување во вршењето на работата, Визите беа еден од најголемите проблеми кои можеа да ја уништат кариерата на играчите. Ова е најголем проблем уште од 2002“, вели менаџерот на Ким Донг Хван, Ендрју Томлимсон.

Во време кога стримањето на турнири станува сериозен бизнис во кој се заработуваат милиони долари, не е изненадувачки што САД се обидуваат да го олеснат влезот на сите спортисти на свое тло. Оваа година шведскиот DOTA 2 тим Alliance освои награда вредна 1,4 милиони долари, а само најголемите три турнири во Starcraft 2 годинава имаат награден фонд од 1,6 милиони долари.

1 коментар на “САД и официјално ги препозна гејмерите како професионални спортисти

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии