САД е под сајбер опсада, тврди Агенцијата за национална безбедност

САД се постојана цел на сајбер напади, тврди Агенцијата за национална безбедост. Според изворот, цел на овие напади е електричната мрежа на САД.

Цели на нападите се и нуклеарните електрани, но и комерцијални објекти како водовод, авијација, и критични сектори за производство, велат од Агенцијата. Она што можеби е пострашно е дека напаѓачите имале дооволно податоци и пристап за да ја нарушат работата на овие сектори.

Сепак за дел од информациите и не била потребна преголема вештина. Напаѓачите преземале и јавно достапни слики на кои можело да се забележат моделите на опрема која се користи во постројките и слично.

Нападите траат од март 2016 година. Она што е познато е дека станува збор за масивна фишинг измама. Напаѓачот испраќа податоци од навидум легитимен извор, барајќи логин и лозинка.

Цел на нападите овој пат се инженери кои имале пристап до инфраструктурата на мрежите. Среќна околоност е што напаѓачите не можат да дојдат до системите за управување на нуклеарните електрани. Овие електрани се неповрзани со интернет и другите мрежи. Проценката е дека 99 електрани лиценцирани за производство на електрична енергија се компромитирани до 2017 година, јави ABC.

Сепак она што е најзабележливо во овој случај е реакцијата на САД. Ова е прв пат администрацијата јавно да ја обвини Русија за сајбер напади и инфилтрирање на клучни системи. Досега се зборуваше за сомнежи или се наговестуваше дека можеби Русија е зад нападите. Ова е прв пат  да биде посочена како извор на нападите.

Symantec ја обвини хакерската група Dragonfly за организирани напади во САД, Швајцарија и Турција, од 2015 година. Безбедносните експерти во овој период не ја поврзуваа групата со Русија, јави  Reuters.

Ова не е прв пат Русија да биде обвинета за инфилтрирање во енергетските системи на некоја држава. Не толку одамна украинската електрична мрежа беше цел на сајбер напади.

Енергетската мрежа на Украинаа беше жртва на неколку серизни напади. На крајот на 2014 година, електричната централа Prykarpattyaoblenergo лоцирана во западна Украина, беше цел на ваков напад. Напаѓачите најпрво ја преземаа контролата од операторот, а потоа го одлогираа и ја променија неговата лозинка.

„Сè што му преостануваше [на операторот] беше да набљудува што се случува на екранот, додека хакерите ги исклучуваа прекинувачите еден по еден, конечно гасејќи 30 подстаници“

Истовремено цели на напад беа уште две електрани, а без електрична енергија останаа над 230.000 луѓе. Напаѓачите ги исклучија и резервните напојувања, па иронично, операторите во централите и самите останаа без осветлување.

Досега не е јавно објавено и разјаснето кој е виновен за нападите врз енергетската мрежа на Украина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии