Сѐ што треба да знаете за одлуката на Vip и Телеком да прекинат со емитување на Discovery и EuroSport

Македонските провајдери оне.Вип и Македонски Телеком веќе неколку дена се критикувани од страна на своите корисници заради прекинот на емитување на ТВ каналите Discovery, TLC, Investigation Discovery (ID), EuroSport 1 и 2. Одлуката, како што велат од Kreativne Ideje од Хрватска, која се јавува како ПР застапник на Discovery Communications  е донесена од двата оператора истовремено.

Discovery Communications е американска компанија основана во 1985 година која како свои најголеми телевизиски канали и брендови ги има Discovery Channel, Animal Planet, Investigation Discovery, Science, TLC како и EuroSport каналите. Седиштето на компанијата е во Мериленд, САД и има над 7.000 директно вработени лица.

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение за јавност во целост:

Оне.Вип и Македонски Телеком ги исклучија Discovery и Eurosport каналите

Веќе од 1-ви јануари , претплатниците на Оне.Вип и Македонски Телеком немаат пристап до каналите на Discovery со своите претставителни брендови како што се Discovery каналот, TLC , Investigation Discovery ( ID ). Понатаму , Eurosport 1 и Eurosport 2  исто така не се повеќе достапни на гледачите на Оне.Вип и Македонски Телеком.

За жал, македонските гледачи нема да имаат повеќе пристап на најголемите светски спортски настани кои се прикажуваа на Eurosport , како што е Бундес лига , следната сезона на Гранд Слем , првата од многуте Олимписки игри во февруари која е комплетно покриена од страна на нашите спортски канали ;

Discovery платформата прикажува одлични шоуа како што се: Running Wild with Bear Grylls, Wheeler Dealers, Gold Rush како и шоута кои наскоро ќе се прикажуваат: Tesla’s Death Ray: A Murder Declassified; TLC’s Cake Boss, Say Yes to the Dress, My Big Fat Fabulous Life.

И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори , мораме да признаеме дека сме изненадени и воедно разочарани, од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап , со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал.

Ги охрабруваме нашите фанови да ги комуницираат своите ТВ провајдери и да ги изнесат своите желби да се вратат на емитување  Discovery каналите , TLC , Investigation Discovery   ( ID ), Eurosport 1 како и Eusrosport 2 .

Во меѓувреме ја продолжуваме нашата долга  соработка со Телекабел како и остананати регионални оператори во Македонија, кои остануваат да го прикажуваат портфолиото на Discovery каналите на своите платформи.

Имено , преносот во живо на Eurosport е достапен во секое време , на секое место на самата Eurosport Player платформа, на линкот www.eurosportplayer.com.

###

Она што е интересно на темава е тоа што неколку медиуми пренесоа вест од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во која се вели дека ваквото исклучувања на канали од страна на провајдерите им овозможува на корисниците да го прекинат договорот без плаќање на пенали. Одредбите за ова се утврдени во Правилникот за видот и содржина на податоци и информации на АЕК (линк до правилникот тука).

„При склучување на договорот операторот се обврзува да му ги гарантира на корисникот каналите кои ги нуди во моментот на негово склучување. Доколку дојде до ваква ситуација, да се укинат канали тогаш корисниците можат слободно да побараат раскинување на договорот без да платат пенали. Прво можат да се обратат до операторот и доколку не им биде одговорено треба да поднесат приговор во АЕК. Ние ќе им издадеме решение дека операторот го прекршил договорот и претплатникот може во секој момент да го раскине“, велат од Агенцијата за електронски комуникации за порталот СДК.мк.

Од АЕК потврдиле дека имаат скоро 50-тина приговори по овој основ и очекуваат при крај на месецов да одговорат на истите. Со оглед на соопштението испратено од Discovery Communications а и генералната огорченост на македонските корисници спрема телеком операторите разумно се очекува бројката на приговори по овој основ во АЕК да порасне.

Според пишувања на порталот BroadbandTVNews.com на кое посочи членот Stefan H. на ИТ Форум во темата “Новите Магента пакети?” слична реакција кон Discovery Communications имале и најголемиот кабловски оператор во Финска DNA како и преостанатите оператори од нордискиот регион Com Hem и Canal Digital како и британската мрежа Sky. Причината која е наведена во текстот на BroadbandTVNews.com е зголемената цена за дистрибуција на каналите, за која што од Discovery Communications тврделе дека “не е повеќе од цена за едно кафе.”

На крајот на ноември Discovery ги обедини своите операции во EMEA (Europe, Middle East and Africa) регионот и на чело на новиот лидерски тип ја постави Касиа Киели која има 17 години искуство во компанијата. EMEA регионот е најпрофитабилниот регион за Discovery Communications.

Истиот портал на 30-ти декември, ден пред истекување на постоечкиот договор помеѓу финскиот оператор DNA и Discovery има објавено дека двете страни нашле компромис и дека е склучен нов договор без прекини.

Дали прекинот во Македонија е потег на оне.Вип и Македонски Телеком со цел да извршат притисок врз Discovery за цените, нема потврда.


Disclaimer: Македонски Телеком е неодамнешен рекламен огласувач на IT.mk додека оне.Вип е клиент на IWM Network, компанијата која управува со IT.mk. Овие соработки не влијаат на никаков начин врз уредувачката политика на IT.mk.

8 коментари на “Сѐ што треба да знаете за одлуката на Vip и Телеком да прекинат со емитување на Discovery и EuroSport

  1. Одлично објаснување на проблемот, но тоа нема да доведе до негово решение. Очигледно е дека кај нас постои сеуште монопол (дуапол или како веќе се вика) со договарање на мобилните и фиксните оператори и сѐ само за нивен интерес. Ние сме можеле да плаќаме за нивните услуги, за наши прилики големи суми, а тие не можеле (или не сакале) да платат за квалитетот на услугите кои ги добиваме. Мислам дека за ова треба малку да се заинтересира и државата со своите механизми и разни агенции кои ги има на располагање. Ние, како ‘обични’ корисници, тешко дека сами ќе можеме ова да го решиме. А СИТЕ сме против ваквото безобзирно однесување на едни од најбогатите фирми во Македонија.

  2. Ако двата најголеми оператори се договараат за да прекинат со реемитување на исти канали, дали со ова треба да се позанимава антимонополската управа? Јас мислам дека таа постои токму за вакви работи да не се случуваат. Епа тие се на ред, Очекувам милионски казни, за друг пат на никој да не му текни да се договара на нша сметка

  3. Се започнува од овде https://www.washingtonpost.com/news/the-switch/wp/2017/11/21/the-fcc-has-unveiled-its-plan-to-rollback-its-net-neutrality-rules/?utm_term=.1b61fc75f370
    Кратко кажано кабелските багабонти се спремаат да си присвојат се вклучувајќи интернет и телевизија. Тие ќе одлучуваат што ке се гледа како ќе се гледа, што ке се постира и како ќе се постира, што ќе се download-ира и како.

  4. како прво: не пишува зошто се исклучени? сакам да чуеме која е вистинската причина за ова? не онаа за јавност. можеби некој внатрешен извор од провајдериве ќе ни открие. како второ веќе е очигледно дека пак имаме монопол во оваа сфера бидејќи двата оператора очигледно пред сите нас се договараат како да ни го спопикаат. третиот оператор лѕцамобиле исто така глуми лудило..некој од влада да се позанимава со ова прашање веднаш..дали ни треба нов мобилен и кабелски оператор..очигледно и 3 не се доволни да немаме монопол..како четврто трпе трајко и трајанка односно македонскиов народ си трпи и трае ..камо коментари бе??

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии