RЗ Infomedia го стартува онлајн маркетот MarketKonekt

RЗ Infomedia, компанијата која стои зад бизнис адресарот Златна Книга, стартува уште еден сервис со кој сака да ги поврзе потенцијалните купувачи со фирмите. MarketKonekt е објаснет како онлајн маркет преку кој фирмите можат да ги излистаат понудите, а корисниците ќе можат за кратко време да добијат информации за продуктите, услугите и фирмата која ги нуди. MarketKonekt вели дека ги поврзува фирмите и корисниците со добавувачи на потребни производи/услуги. Така „доволно е само да објавите барање за понуда која веднаш се проследува до сите компании-членови на порталот“.

Во моментов се праќа мејл до компаниите кои сакаат да се регистрираат, отворат профил и да објават понуди. Во моментов има околу 160 компании со над 17.000 производи, а се очекува во наредниве три месеци да има околу 700 компании. Регистрирањето е бесплатно, но за „премиум членството“ се плаќа. Но, доколку успеете да фатите промотивен период премиум пакетите ќе бидат бесплатни. Ова е добар маркетинг од R3 Infomedia.

Нa MarketKonekt покрај стандардните категории, има и интересна листа на тековни попусти на продуктите и услугите. Нема можност да се купи онлајн, туку има информации за компанијата која го нуди продуктот и опција да се контактира продавачот за повеќе детали. Проблем тука секако ќе биде колку често и дали компаниите реагираат на мејловите.

3 коментари на “RЗ Infomedia го стартува онлајн маркетот MarketKonekt

    1. Текстот во заградите објаснува зошто сите производи им се со ознака “Не е нов“ (кога ќе застанеш со маусот врз втората икона од врвот на сликата)…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии