Ryzen 3 1300X и Ryzen 3 1200, 4-јадрен процесор на буџет

AMD ги претстави Ryzen 3 1300 X и Ryzen 3 1200, два Zen процесори наменети за корисниците со ограничен буџет. Двата процесори се четири јадрени и доаѓаат за 130, односно 110 долари.

Ryzen 3 1300X соаѓа со работна фреквенција од 3.4 GHz која под товар се подига до 3.9 GHz; процесорот доаѓа со 8MB L3 кеш. Ryzen 3 1200 е на 3.1 GHz и може да се зголеми до 3.45 GHz; процесорот доаѓа со 8MB L3 кеш. Двата процесори се со моќност 65W, па не е потребно некое исклучително ладење, вели AnandTech.

Цента на процесорот е приближна и пониска од Core i3 процесорите на Intel. Перформансите на i3 и Ryzen 3 се блиски. Сепак, резултатите се различни од игра до игра. Имајте предвид дека тестовите се со Nvidia GTX 1080 графички картички кои не се картички за ограничен буџет. За среќа, наскоро ќе има повеќе резултати, па ќе може да се информираме.

Дополнително, се чини дека оверклокуван 1300X не само што е „рамо до рамо“, туку е и подобар. Секако, за ова ќе треба да почекаме и да разгледаме повеќе тестови.

Ryzen 3 доаѓа без интегрирана графичка картичка. Се чини дека ова е единствена предност на Intel, но ако планирате каков било гејминг, најверојатно размислувате на графичка картичка. За сите кои нема да играат видеоигри, графичката картичка е нешто на што ќе мора да одделат дополнителни средства со Ryzen 3.

Што ќе овозможи Ryzen 3?

Со новиот процесор AMD ќе може да „нападне“ 2 пазари, евтините гејминг компјутери и средната класа на гејминг компјутери. Процесорот е близок или подобар од i3, на графикот на AnandTech цена-перформанси, Ryzen 3 1300X е подобар и од i5 7400. За останатие тестови ќе почекаме уште некој ден.

Новиот процесор можеби ќе пополни и некое место каде се користат повеќе од 2 монитори. За ова е неопходна графичка картичка, па кога веќе мора, корисникот може да купи и подобар процесор.

Сите кои купуваат поевтин компјутер најверојатно ќе мора да купат некој друг процесор. Најевтината картичка од 10хх генерација е GTX 1030, а и таа чини околу 70 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии