Откако минатата недела се појави вест дека повеќе луѓе загинале додека фотографирале селфи, отколку од ајкули – оваа недела се појавија нови чудни информации за мобилниот феномен. Во Русија само во 2015 година има десетици повредени и загинати додека правеле селфи фотографија, па поради ова руското Министерство за внатрешни работи изработи памфлет за мерки за безбедност. Според руските власти, „мавањето лајкови на друштвените мрежи може да ве одведе на патот кон смртта“.
Да бидеме искрени – доколку не ви е јасно дека во дел од овие ситуации е опасно да правите селфи фотографии, памфлетот нема да ви помогне. Но во држава во која двајца загинале додека се сликале со граната, и каде жена има прострелна рана бидејќи се фотографирала со пиштол, можеби овој пафлет е добра идеја.