Руските власти започна судска постапка против Google

Дејан Соколоски

во Свет

Поради неисполнување на законски услови за отстранување на резултати од пребарувањето, руските власти започнаа судска постапка против Google. Максималната казна која може да му биде изречена на пребарувачот е 700.000 рубљи или 10.595 долари.

Федералната агенција за надзор на комуникациите, информациските технологии и мас-медиумите (Roskomnadzor) смета дека со тоа што овозможува забранети веб-страници да се појават во резултатите од пребарувањето компанијата го прекршува законот. Судска одлука за случајот ќе биде донесена во декември, пренесе Reuters.

Казната од 104.50 долари секако нема да го исплаши Google. Ова е една од причините поради кои властите во Москва најавија построги казни за технолошките компании кои го прекршуваат законот. Засега нема подетални официјални податоци за законот, како и за висините на казните. Неофицијално, компаниите кои нема да ги почитуваат законите ќе бидат казнети со 1% од годишниот приход во Русија.

Главна причина за носење на законот се западните гиганти како Google и Facebook кои заработуваат стотици милиони долари, а максималната казна која може да ја добијат е 10.595 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии