Руските интернет провајдери предлагаат „данок“ за чување податоци

Дејан Соколоски

во Вести

Руските телеком оператори бараат руските власти да им наложат на интернет компаниите кои работат или нудат содржина во Русија да „помогнат“ со плаќањето на трошоците за чување на податоци.

Чувањето на податоци е нова обврска која руските власти им ја наложија на телеком операторите. За овие потреби, трите најголеми оператори во Русија, MTS, Megafon и VimpelCom ќе инвестираат во систем на кој ќе се чуваат сите податоци. Цената на целиот систем е околу 1,9 милијарди евра. Ако биде донесен законот дел од оваа цена ќе треба да ја платат компании како Google и Facebook.

Логиката зад oва барање е дека сите заинтересирани страни би требале да инвестираат во оваа мрежа. Ова можеби донекаде е и оправдано. Сепак дури и да се договорат сите засегнати страни, властите во Русија побараа да биде користена руска опрема, а ова може да биде проблем, пренесе Reuters.

Доколку руските власти го прифатат барањето од операторите, но компаниите како Google не се сложат, пристапот до содржина може да биде забавен или ограничен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии