Рускиот Yandex се брани од Google со свој прелистувач и сопствена Android продавница

Рускиот пребарувач Yandex најави нов интернет прелистувач и сопствена продавница за Android апликации. Новите сервиси се одговорот на Yandex на се поголемата присутност на Google на рускиот пазар. Засега прелистувачот ќе биде на руски јазик. но во Yandex веќе работат на англиската верзија.

The Next Web јавува дека во Yandex.Store на почетокот ќе има 40.000 Аndroid апликации за предземање.  Руската компанија ја претставува новата продавница како уште еден дел од вкупниот преносен „екосистем“. Голем дел од 40.000 апликации ќе бидат од партнерот Opera.

Продавницата за апликации најпрво ќе биде достапна единствено во Русија, а набрзо потоа ќе биде достапна и во Турција и во дел од членките на Руската Федерација, а следен чекор би бил распространување низ целиот свет.

Ова е уште еден потег на Yandex со кој ќе се засили ривалството со Google , откако пред две недели станаа официјални партнери на Apple за новите iMaps.  Yandex во септември имаше околу 60 отсто од пребарувањата во Русија,   оваа бројка иако во постојано опаѓање ја покажува доминацијатана Yadex во Русија барема кога станува збор за пребарување.

Иако продавницата нема да биде отворена до крајот на октомври, заинтесираните девелопери веќе можат да ја посетат страната посветена токму за нив.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии