Рускиот хакер Владимир Дринкман ја призна својата вмешаност во најголемиот компјутерски криминал

Рускиот хакер Владимир Дринкман ја призна својата вмешаност во најголемиот компјутерски криминал досега. Г-дин Дринкман се изјасни за виновен за обвинението за заговор за неовластен пристап на заштитени компјутери и заговор за сајбер измама.

Обвинетите како Владимир Дринкман имаат вештини и склоност да пробијат во нашите компјутерски мрежи. Поради ова претставуваат закана за нашата економија, добросостојба, приватност и национална безбедност. Злосторствата за кои ја призна вината имаат реална цена, нашата привантост и нашите сметки

– вели Пол Фишман обвинител од Њуџерси.

Цел на овие сајбер напади се мети од целиот свет, а како последица украдени се над 160 милиони броеви на платежни картички, вели Business Insider. Нападите предизвикаа директна штета од стотици милиони долари, а цели на напад беа NASDAQ, 7-Eleven, JetBlue, Dow Jones и Euronet. Само во САД направена е штета од над 300 милиони долари на луѓе и компании.

Групата со помош на SQL injection напад успеа да дојде до податоците на повеќе коорпорации. Потоа со помош на имињата, лозинките, платежните картички и останати податоци за идентификација дојдоа до 160 милиони картички. По првиот напад, групата остава тројанец со кој добиваат пристап до мрежата. Според обвинителството групата ги прибирала податоците од нападнатите компании во тек на неколку месеци, а дел од компаниите биле цел на напад и над една година. Со помош на „sniffer“ групата ги собирала податоците кои понатаму ги префрлале на различни локации до нивната продажба.

Податоците заедно со броевите на кредитните картички групата ги продава на скриениот интернет и тоа 10 долари за американски, 50 за европски и 15 долари за канадски податоци за шпарови од корисник и број на картичка. Купувачите потоа самите си правеле лажни картички и ги празнеле сметките на жртвите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии