Рускиот гигант Yandex тестира автономно возило

Рускиот пандан на Google, пребарувачот Yandex, започнува со тестови на автономни автомобили. Заедно со објавата Yandex го сподели и првото видео на автомобилот во „акција“.

Во видеото може да забележиме дека Yandex користи Nvidia GTX графички процесор во возилот и Velodyne LIDAR како сензор. Возилото е Toyota Prius V, најверојатно со куп додадени сензори.

„Автономните автомобили ќе го револуционеризираат начинот на кој патуваме за само една деценија. Во овој момент има дузини компании низ целиот свет кои работат на сопствени автономни возила. Само неколку од нив ги имаат клучните компоненти за овој проект да го претворат во реалност. Компнентите вклучуваат технологии и алгоритми, инженерско искуство и ресурси, но и пристап до пазарот за автономни возила. Yandex.Taxi со поддршка од Yandex е една од компаниите кои ги поседуваат сите потребни компоненти“, вели Димитриј Полишчук, директор на Yandex.

Проектот е дел од Yandex.Taxi иницијативата. Од компанијата велат дека конечна цел е автомобил со петто ниво на автономија. Односно, автомобили кои во целост возат без потреба од човечка интервенција.