Рускиот гигант Yandex.Taxi влегува во Србија

Рускиот сервис за онлајн повикување на такси превоз Yandex.Taxi веќе може да се користи и за повикување на возила во Белград. Корисниците може да ги користат iOS и Android апликациите за да си повикаат такси возила.

Корисниците од Србија ќе можат да користат детални карти, но и српски јазик во апликацијата, јави Netokracija. Апликацијата е достапна за преземање од App Store и Google Play. Апликацијата го прави повикувањето возило супер едноставно. Апликацијата ја чита геолокацијата на корисникот и само со притискање на „повикај такси“ корисникот завршил сè.

За разлика од Uber, кој всушност е партнер на Yandex во Русија, Yandex.Taxi работи и соработува единствено со постоечки легитимни такси компании. Поточно, компанијата воопшто не соработува со такси превозници поединци. Во моментов во Белград се активни 600 таксисти кои може да се повикаат со апликацијата. Сепак се чини дека не може баш сè да биде погодено и како што треба. Најголем недостаток на апликацијата е што не работи со електронското плаќање, па иако патникот може да повика такси, нема да може да плати со картичка, туку ќе мора да користи кеш. Според најавите ова нема да биде единствена инвестиција на Yandex во Србија.

„Такси превозот во Србија е веќе формиран, а тарифата е иста за сите компании. Поради ова одлучивме наша предност да биде квалитетот на услуга, современиот квалитет на апликацијата и паметната технологија. На пример, Yandex.Taxi помага да биде повикан возачот кој е најблиску до патникот. Со ова патникот не мора да чека долго, а таксистот не мора да патува од еден до друг крај на градот. Сервисот креира оптимална патека на возење и за возачот и однапред бара следно возење во делот на градот каде патникот ќе биде оставен. Со ова таксистите многу покусо ќе стојат, што би требало да значи и дека ќе заработат повеќе“.