Рускиот гигант Yandex сака да ги развие локациските сервиси во Македонија

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Image courtesy of Yandex

Рускиот гигант Yandex сака да ги донесе локациските сервиси во Македонија. Можностите беа презентирана минатиот месец кога Андреј Горшков, еден од техничите директори на компанијата ја презентираше алатката во Јавна соба. Г. Грошков беше главен гостин на настанот кој го организираа Гордиан Системи.

Од оваа недела веќе е достапна сателитска слика од Скопје и други делови на Македонија. Наскоро, за средината на овој месец се најавени и геолокациските сервиси како Maps и Navigator.

Локацискиот сервис ќе биде своевидна надградба на веќе постоечкиот сервис Google Map кој овозможува лоцирање на улици, но не и на објект. Yandex ќе овозможи едноставно поставување на „таг“, на пример, на згради или куќи.

Сега Yandex ги покани сите заинтересирани да започнат да внесуваат локациии во Македонија, а неколку се веќе внесени. За оваа пригода веќе има постоечка Facebook-група во која може да се разменуваат искуства.

За сите заинтересирани, се чини дека додавањето на објекти и не е прeмногу сложено. Најпрво треба да се регистрирате на Mapeditor, а потоа може да започнете со додавање на објекти. Ако имате проблем може да поставите прашање во Facebook-групата.

За јануари е закажан настан во кој заеднички ќе се внесуваат локации, а најактивните внесувачи на податоци ќе бидат поканети во канцелариите на Yandex во Москва за тренинг за модератори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии