Руската Wikipedia се изгаси во знак на протест против цензура

Посетителите на Wikipedia на руски јазик денес беа пречекани со порака дека енциклопедијата е изгасена во наредните 24 часа во знак на протест против нов закон, налик на SOPA, ACTA и PIPA, кој може да им дозволи на руските власти да ја блокираат онлајн екциклопедијата.

„Лобистите и активистите го поддржуваат амандманот, и велат дека е насочен против содржина како детска порнографија и такви работи, но овој закон може да стане руска алтернатива на ‘Големиот кинески огнен ѕид’. Примерите за како се спроведуваат законите во Русија, даваат голема веројатност на најстрашно можно сценарио, во кое пристап до Wikipedia ќе биде блокиран низ земјава.“, велат од слободната енциклопедија.

Амандманот кој ќе се додаде на рускиот „Закон за информации“ ќе биде претставен во Думата, рускиот парламент, на 11 јули. Доколку биде изгласан, ќе се креира владино тело кое ќе започне да ги цензурира сајтовите од црната листа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии