Русија ќе користи слободен софтвер, нареди премиерот Путин

Рускиот документ ја одредува стратегијата како властите да се префрлат од затворените лиценци на слободниот софтвер со отворен код како GNU/Linux.

Стратегијата започнува од 2011 година со „креирање на основен пакет за слободен софтвер решенија за типични проблеми“, продолжува во 2012-та година со „развивање и сугестии за првичните потреби и професионални вештини“, во 2013 следува замена на комерцијалниот софтвер со слободен софтвер во високото образование, а во 2015-та откако ќе се имплементираат точките ќе се направи нов план за развој на федерални алатки со слободен софтвер.

Според министерот за комуникација, Илија Масух, најверојатно ќе се направи владина продавница за апликации за слободен софтвер налик на App Store.

Претходно, од 2008 година, Русија спроведе кампања за воведување на слободниот софтвер во училиштата во земјата.

2 коментари на “Русија ќе користи слободен софтвер, нареди премиерот Путин

  1. До тогаш слободниот софтвер може и нема да биде толку слободен. Последен пример е продажбата на Новел и сите негови патенти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии