Русија ги реализираше заканите, го блокира Telegam

Image courtesy of Telegram

Апликацијата за анонимно испраќање на пораки, Telegram, повеќе легално не е достапна во Русија. Од понеделник агенцијата „Roskomnadzor“ има наложи на сите интернет и мобилни провајдери да го забранот пристапот до Telegram во следните 24 часа.

Властите во оваа држава подолго време се закануваа дека ќе ја блокираат апликацијата ако не ги добијат клучевите за криптирање. Клучевите не пристигнаа, па конечно е остварена и заканата.

Основач на телеграм е Русинот Павел Дуров. Можеби поради ова, некој од власта сметал дека ќе може да се направи притисок, но тоа сепак не се случи. Интересно е што Telegram го користеле и руски официјални претставници за комуникација.

Секако на интернет не е премногу лесно да се забрани користење на одредена алатка. Дел од корисниците преку VPN продолжија да го користат Telegram, вели Bloomberg.

„Сметаме дека забраната е против уставна и ќе продолжиме да го браниме правото на приватна комуникација на Русите“, објави г. Дуров на друштвената мрежа VKontakte.

Само во Русија Telegram има 9,5 милиони корисници. Сепак сервисот оперира од Девствените Острови. На 33 март Telegram објави дека дека преку апликацијата анонимно комуницираат околу 200 милиони корисници.

1 коментар на “Русија ги реализираше заканите, го блокира Telegam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии